Back to Новости и информации за медиуми

„Тиквеш“ со поддршка на Конференцијата за надминување на родовиот јаз на М6 Едукативниот центар

Посветеноста на „Тиквеш“ кон надминување на родовата нееднаквост резултираше со поддршка на конференцијата  “Женско лидерство – време е да се скрши ‘стаклениот покрив’ преку премостување на родовиот јаз”, која се одржа на 21 декември во М6 Едукативниот центар.

На оваа конференција секогаш актуелната тема за родова еднаквост беше третирана од поинаков аспект. Говорниците,  мажи,  жени и млади лица, имаа можност отворено да разговараат како општеството и како секој пол  и генерации ги третираат прашањата за родовата еднаквост.

На настанот кој креираше единствена можност за инспиративни говори кои имаат моќ да направат разлика се обрати и Претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“ г.Светозар Јаневски кој ја истакна компанијата, како позитивен пример каде не постои родова дискриминација посочувајќи дека од следната година со неа ќе раководи Бранка Славеска, која беше и еден од панелистите и го сподели своето богато меѓународно искуство на оваа актуелна тема.

Конференцијата обезбеди одговори на деликатни прашања поврзани со родовиот јаз и понуди решенија како да се премостат овие разлики.

Настанот имаше и хуманитарен карактер, а собраните средства беа донирани за децата и младите згрижени во СОС Детско Село.​

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0