Back to Новости и информации за медиуми

„Тиквеш“ на самитот за вештачка интелигенција: Преку иновативни методи до висококвалитетно грозје

Како лидер во регионот во воведување и користење на дигитални решенија и вештачка интелигенција во лозарството, „Тиквеш“ имаше можност да ги сподели своите искуства пред експертите од областа и да ги презентира придобивките за винската индустрија. На „AI Tech Summit”, што се одржа во Скопје на 29 и 30 септември годинава, меѓу говорниците се вброија и Џовани Бигот, консултант на ВВ „Тиквеш“ и основач на „Перлеуве“ (Perleuve) и Александра Ристова, раководител на Одделот за управување со лозови насади во ВВ „Тиквеш“. Тие ја претставија примената на иновативни дигитални методи и вештачка интелигенција во производство на висококвалитетно грозје во „Тиквеш“.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0