Back to Новости и информации за медиуми

„Тиквеш“ инвестира во млади спортски таленти

Винарска визба „Тиквеш“ обезбеди поддршка за Градскиот ракометен клуб „Тиквеш“ од Кавадарци, кој има повеќе од 140 ракометари во младинските школи и 25 професионални играчи во сениорскиот тим. На тој начин винарницата ќе придонесе за развој на младите спортски таленти кои се дел од овие младински школи и за промоција на овој спорт и спортските резултати што ги остваруваат членовите на клубот.

ГРК „Тиквеш“ е единствен ракометен клуб во општина Кавадарци кој се натпреварува во сите младински категории при Ракометната федерација на Македонија, додека неговиот сениорски тим се натпреварува во машката Супер лига и годинава беше дел од „European Handball Federation Cup“, како единствен претставник од нашата земја.

Во рамки на својата определба за општествено одговорно делување и воведените ЕСГ стандарди, „Тиквеш“ континуирано спроведува активности со кои позитивно влијае врз развојот и добросостојбата на заедницата.​

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0