Back to Новости и информации за медиуми

„Тиквеш“ го открива новиот идентитет на линијата „Classic“

Вината од линијата „Classic“ добија нов изглед, задржувајќи го својот добро познат вкус и квалитет. Во согласност со современите трендови и очекувањата на потрошувачите, овие вина отсега имаат модерен дизајн и амбалажа која придонесува за заштита на животната средина.

Новата амбалажа вклучува употреба на ново шише, кое не само што има поинаков облик, туку е и полесно, а со користењето на полесни шишиња за најпродаваната линија на вина од портфолиото на „Тиквеш“, винарницата ќе оствари намалување на јаглеродните емисии за 206 тони годишно. Новина се и стелвин затворачите во боја, кои овозможуваат впечатлив и модерен изглед на вината, како и етикетите кои се разиграно редизајнирани за да ги прослават радосните моменти во животот, зголемувајќи ја привлечноста кај љубителите на виното.

Линијата „Classic“ сега ќе се продава под брендот „Тиквеш“, симболизирајќи нова ера за овие популарни вина.

Произведени во согласност со принципите за одржливо производство, овие вина навистина се создадени за моменти на среќа.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0