Back to Новости и информации за медиуми

„Тиквеш“ ги редифинира стандардите во винската индустрија – се подготвува првиот ЕСГ извештај

Тридневната работилница за имплементација на ЕСГ стратегијата која од 29-31 јануари се одржа во „Тиквеш“, ја покажа јасната посветеност на винаријата кон одржливиот развој и подобрување на компаниските перформанси во областите на заштита на животната средина, општественото влијание и на корпоративното управување.

Оваа иницијатива ја позиционира винаријата „Тиквеш“ како прва во регионот која проактивно ги интегрира принципите на ЕСГ во своето работење, поставувајќи нов стандард за одговорност во винската индустрија.

„Имплементацијата на ЕСГ е неверојатен чекор напред. Со тоа што сме прва винарија во регионот што имплементира ЕСГ практики, ние покажуваме дека имаме за цел да водиме со пример и да инспирираме промени кои ќе донесат значајни позитивни резултати .“- истакна генералната директорка на „Тиквеш“ Бранка Славеска во своето поздравно обраќање при отворањето на работилницата.

Ова беше петта работилница за ЕСГ за вработените на „Тиквеш“ која беше спроведена со помош на консултантот Мајкл Спанос од „Global Sustain“ со поддршка од ЕБОР. Во текот на оваа работилница се изготвуваше и првиот ЕСГ извештај на компанијата во кој се внесуваа собраните подароци за мерливите параметри кои „Тиквеш“ ќе ги прати во склоп на прилагодувањето на ЕСГ стандардите.

Иницијативата за обука за ЕСГ се усогласува со тековните напори на „Тиквеш“ да го минимизира своето влијание врз животната средина, да ги поддржи локалните заедници и да ги поддржува највисоките стандарди за корпоративно управување.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0