Back to Новости и информации за медиуми

Студентите од програмата Еразмус се запознаа со одржливите практики на „Тиквеш“

ВВ „Тиквеш“ и М6 едукативниот центар беа домаќини на студентите од Еразмус Проектот „Leaders of the Green Economy“, чиј носител е Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Дваесетина млади луѓе од нашата земја, Словенија, Хрватска и Бугарија имаа можност од прва рака да се информираат за активностите кои „Тиквеш“ ги презема во насока на трансформација во зелена винарница.

Студентите исто така дадоа и свои мислења и предлози за воведување на нови иновативни решенија од областа на циркуларната економија, како и придонес со креативни идеи поврзани со процесот на имплементација на ESG стандардите во компанијата.

Во рамки на своите општествено одговорни практики, „Тиквеш“ и М6 едукативниот центар ќе продолжат да реализираат иницијативи за поддршка на младите од кои зависи иднината и напредокот на целата заедница.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0