Студентите од програмата Еразмус се запознаа со одржливите практики на „Тиквеш“
ВВ „Тиквеш“ и М6 едукативниот центар беа домаќини на студентите од Еразмус Проектот „Leaders of the Green Economy“, чиј носител е Универзитетот Американ Колеџ Скопје.
Дваесетина млади луѓе од нашата земја, Словенија, Хрватска и Бугарија имаа можност од прва рака да се информираат за активностите кои „Тиквеш“ ги презема во насока на трансформација во зелена винарница.
Студентите исто така дадоа и свои мислења и предлози за воведување на нови иновативни решенија од областа на циркуларната економија, како и придонес со креативни идеи поврзани со процесот на имплементација на ESG стандардите во компанијата.
Во рамки на своите општествено одговорни практики, „Тиквеш“ и М6 едукативниот центар ќе продолжат да реализираат иницијативи за поддршка на младите од кои зависи иднината и напредокот на целата заедница.