Back to Новости и информации за медиуми

Свечено закроени лозјата на ВВ „Тиквеш“

И годинава, на винскиот локалитет „Лепово“, ја продолживме традицијата на симболичното закројување на лозјата во чест на Св. Трифун, заштитникот на лозарите и винарите. Свечениот чин на закројување го извршија претседателот на Владата, Оливер Спасовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, генералниот директор на винарницата, Радош Вукиќевиќ и претставници на менаџментот на винарницата.

Присутните претставници на дипломатскиот кор и на институциите, партнери, соработници и пријатели, лозарите и винарите си посакаа уште една плодна година, со услови наклонети кон квалитетен род и производство на врвни вина.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0