Back to Новости и информации за медиуми

Светски ден на вранецот 2024

Шеста година по ред, на 5 октомври го одбележуваме Светскиот ден на вранецот со цел да ги истакнеме особините на оваа наша популарна сорта со неверојатен потенцијал за создавање моќни, комплексни и автентични вина. Одбележувајќи го овој ден придонесуваме за градење на меѓународната репутација на вранецот и зголемување на неговата препознатливост и прифаќање во светски рамки.

Годинава по тој повод „Тиквеш“ беше домаќин на група новинари од специјализирани странски вински списанија, кои ја посетија Македонија, запознавајќи се со долгата винска традиција, со поднебјето и поволните услови за производство на вино. Тие имаа прилика да ги дегустираат вината произведени од локални сорти, вклучително и вранецот, откривајќи ги неговите особини и уникатни карактеристики.

Дополнително, „Тиквеш“ беше дел од Винскиот салон, кој се одржа во Националната опера и балет, каде винските љубители имаа можност да дегустираат вина од сортата вранец, а во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на вранецот, специјален концерт одржа минатогодишниот „Амбасадор на вранецот“ Казухиро Котетсу, кој е основач на Токискиот камерен оркестар  „Вранец”.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0