Back to Новости и информации за медиуми

Светската филмска елита уживаше во врвните вина на „Тиквеш“

Лауреатите и учесниците на годинешниот Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, уживаа во врвните вина на „Тиквеш“ при посетата на винарската визба во Кавадарци. Тие се запознаа со долгата и богата винска историја на регионот и на винарницата, а накусо имаа можност да видат и дел од магијата на создавање на врвно вино. Искусниот тим од „Тиквеш“ ги водеше низ автентичните вински вкусови преку дегустација на вината „Temjanika Luda Mara“, „Domaine Lepovo Chardonnay“, „Babuna Red“ и „Terrasse а l’Ombre“. Секако, искуството немаше да биде целосно доколку гостите не пробаа жолта ракија VS.

Винарската визба „Тиквеш“ традиционално го подржува Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, обидувајќи се на овој начин да даде придонес кон градењето на македонската современа култура.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0