Back to Новости и информации за медиуми

Проширување и освежување на серијата традиционални вина

Винарската визба „Тиквеш“ воведе новини со кои ја унапреди својата линија на традиционални вина кои на пазарот се достапни во амбалажа од еден литар. Сите вина од оваа линија добија целосно подобрување на амбалажата, што опфаќа: нова етикета, ново шише и нов тип на навоен затворач кој значително придонесува за зачувување на квалитетот на виното.

Друг новитет е проширувањето на оваа линија со популарните вина „Тиквешко бело“ и „Тиквешко црвено“ кои досега се нудеа на пазарот единствено во „Bag-in-box” пакувања од три литри.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0