Осум златни медали и две специјални награди за вината на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ на престижниот „Мундус Вини 2024“
„Tikveš Châteaux & Domainеs“ го надмина минатогодишниот успех, освојувајќи високи награди за девет (9) од вкупно единаесет (11) пријавени вина на годинешното пролетно издание на еден од најпрестижните и најкредибилните светски вински натпревари – „Mundus Vini“, што се одржува во Германија.
Од освоените награди, две припаѓаат во категоријата специјални и тоа за вината: „Bela Voda white 2022“, кое покрај златниот медал ја освои и наградата „Best of Show North Macedonia white“, како и „Bela Voda red 2021“, кое освои голем златен медал – „Grand Gold“. Дополнително, уште шест (6) вина освоија златни медали и тоа: „Bela Voda white 2022“, „Domaine Lepovo Chardonnay 2022“, „Bela Voda red 2015“, „Barovo red 2021“, „Babuna red 2022“ и „Alexandria Cuvѐe red 2022“, а виното „Luda Mara White Cuvѐe“, кое допрва треба да се појави на пазарот, освои сребрен медал.
Освоените награди на овој реномиран светски вински натпревар се сметаат за исклучителен успех за секоја винарница, со оглед на строгите правила за тестирање и на големиот број пријавени вина од целиот свет, што секоја година надминува над 12.000. Според пропозициите на натпреварот, вкупниот број на наградени вина е строго ограничен. Конкретно, деветте наградени вина на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ се меѓу 64-те вина кои ова година добиле голем златен медал, 1.727 вина кои освоиле златни и 1.183 вина со сребрени медали. Ваквиот податок уште еднаш потврдува дека „Tikveš Châteaux & Domainеs“, во светски рамки е еден од најнаградуваните производители на вино од нашиот регион.
„Задоволни сме од наградите кои и оваа година ги освоија нашите вина на овој реномиран светски вински натпревар. Со оглед на тоа што тој е првиот голем вински натпревар во годината, постигнатиот успех претставува и своевиден репер и предвесник за она што ќе следува и на следните натпревари, што е особено значајно и ќе придонесе за посакуваното позиционирање на нашите вина на пазарите. Истовремено, овие награди нѐ прават да сме особено горди, затоа што тие се уште една верификација за нашата долгорочна развојна стратегија која се темели на производство на вина со исклучителен квалитет, автентичност и уникатни карактеристики“, изјави генералната директорка на „Тиквеш“, Бранка Славеска.
Секоја година вината на „Tikveš Châteaux & Domaines“ освојуваат повеќе од 100 награди и признанија на реномирани меѓународни вински натпревари.