Освоени 130 награди во 2020 година
Минатата година ќе остане запаметена по низата предизвици со кои се соочувавме сите како поединци, компании, заедници и општества, а беа предизвикани од пандемијата на корона-вирусот. За среќа, нам не ни недостасува убава причина за паметење на 2020-та година. Вината на „Тиквеш“ триумфираа на престижните меѓународни вински натпревари одржани ширум светот. И во ваква година исполнета со предизвици, винарницата го постигна најголемиот успех досега, дуплирајќи го бројот на награди од претходните години.
Нашите вина во 2020 година освоија вкупно 130 награди, од кои 111 медали, 16 признанија и 3 специјални награди. Од доделените 111 медали, дури 36 беа златни, меѓу кои и 3-те двојни златни медали освоени за „Terrasse à l’Ombre 2018“, „Vranec Special Selection 2017“ и „Barovo red 2017“. Особено сме горди на специјалните награди „Најдобро црвено вино од автохтона сорта“ за „Barovo red 2017“ и „Најдобро оценето вино од државата“ за „Domaine Lepovo Chardonnay 2019“.
Големата бројка на освоени награди е уште една потврда за врвниот квалитет на нашите вина. Наградени со високи медали и признанија се речиси сите премиум вина од нашето портфолио, но и лозовата жолта ракија. Сепак, во 2020 година, најтрофејни беа „Barovo red 2017“ со вкупно 10 освоени медали, од кои 7 златни, 1 двоен златен медал и две специјални награди и „Terrasse à l’Ombre 2018“ кое се закити со 5 златни медали и 1 двоен златен медал. Ваквиот успех е само поттик за уште повеќе и уште повисоки награди во иднина.