Нов успех на вината на „Tikveš Châteaux & Domaines“ на винскиот натпревар „Decanter“ во Лондон
Во исклучителна конкуренција на светско ниво, нашите вина освоија 25 награди на годинешниот „Decanter World Wine Awards“, вински натпревар кој е глобално почитуван поради строгиот процес на оценување и исклучителниот панел на вински судии кои ги дегустираат вината.
Притоа, црвеното вино „Domaine Lepovo Grand Cuveѐ“ од бербата 2021 освои златен медал, а со сребро се закитија црвените вина: „Barovo 2021“, „Babuna 2022“, „Bela Voda 2021“, „Bela Voda 2015“, „Barovo 2012“, „Alexandria Cuveѐ 2022“, „Luda Mara Cuveѐ 2022“, како и белите вина: „Domaine Lepovo Chardonnay 2022“, „Bela Vоda 2023“, „Žilavka Bela Voda 2023“ и „Žilavka Bela Voda 2022“.
Освоените награди на овој меѓународно познат вински натпревар претставуваат значајна препорака за вината од извор кој ужива огромен авторитет, како меѓу винските експерти, така и меѓу ентузијастите кои штотуку го запознаваат светот на виното.