Нови девет награди за „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“
Производите на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ беа наградени со 9 медали на реномираниот Интернационален натпревар за вино и жестоки пијалаци (International Wine and Spirit Competition – IWSC), кој годинава по 51. пат се одржа во Лондон, Велика Британија.
Сребрени медали добија „Domaine Lepovo Grand Cuvée“ од бербата 2015 и „Лозова ракија VS“, додека со бронза се наградени седум вина, и тоа: „Domaine Lepovo Rosé“, „Domaine Lepovo Chardonnay“, црвеното и розе „Alexandria Cuvée“ од бербата 2018, белите „Barovo“ и „Bela Voda“ од бербата 2019 и виното „Terrasse à l’Ombre“ од француската винарница на „Тиквеш“, „Château de Gourdon“.
„International Wine and Spirit Competition” е еден од најпрестижните вински натпревари со долга традиција, на кој оценувањето на вината и жестоките пијалаци се спроведува преку строго структуриран и ригорозен процес на дегустација, но и преку панел дискусии при оценувањето, што на добиените признанија им обезбедува дополнителен кредибилитет.