Над 50 награди за нашите вина на четирите пролетни престижни вински натпревари
Вината на „Тиквеш“ и на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија вкупно 51 трофеи, медали и признанија на четирите најпрестижни и највлијателни светски и регионални вински натпревари што се одржуваат во овој дел од годината.
Во Велика Британија, на „International Wine Challenge 2022“ наште вина освоија вкупно 17 награди, а на „Decanter World Wine Awards 2022“ вкупно 14 награди меѓу кои и еден платинест медал. На „Concours Mondial de Bruxelles 2022“ освоивме 1 златна и три сребрени медали, додека на „Balkans International Wine Competition 2022“ постигнавме значаен успех, при што белото премиум вино „Bela Voda white 2021“ ја освои највисоката специјална награда – Голем трофеј, а црвеното вино „Vranec Luda Mara 2019“ ја доби специјалната награда – Најдобро на натпреварот од Северна Македонија.