Back to Новости и информации за медиуми

Магично Wine&Dine кабаре шоу во Скопје: Eксклузивните вина на „Тиквеш“ во центарот на вниманието

На 14 ноември 2023 година, во хотелот „Мериот“, љубителите на врвниот хедонизам уживаа во ексклузивно Wine&Dine кабаре шоу, организирано од „Тиквеш“ во соработка со хотел „Мериот“.

Гастрономските бравури на кулинарскиот тим на хотел „Мериот“, предводен од Кирил Ставрев, директор на сегментот за храна и пијалаци, беа стручно енолошки впарени со внимателно избрани ексклузивни вина на „Тиквеш“, а за врвната атмосфера беа задолжени врвни танчери и пејачи од Србија, кои атрактивната кабаре програма ја подготвија специјално за овој настан.

Исклучителниот настан беше збогатен и со аукција на двете архивски вина на „Тиквеш“ – Tikveš Semillon од 1970 и Tikveš Macedonia Royal Reserve од 1989 година.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0