Back to Новости и информации за медиуми

Инвестиција во проширување и обнова на лозовите насади

Винарската визба „Тиквеш“ започнува со реализација на нова инвестициска програма во сегментот на примарното производство. Првата активност е садење на висококвалитетни сорти на нови 50 хектари. Со програмата која ќе се реализра до крајот на годинава, се предвидени вложувања од над милион евра во нови, но и обновување на лозови насади на површина од 100 хектари.

Дополнително, во наредните три години, постепено ќе бидат обновени и над 50% од постојните 1000 хектари сопствени лозови насади на „Тиквеш“, со тоа што помалку функционалните сорти ќе бидат заменети со перспективни сорти грозје наменети за производство на вина од премиум сегментот.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0