Back to Новости и информации за медиуми

Златен медал за „Tikveš Châteaux & Domaines“ на престижниот натпревар „Concours Mondial de Bruxelles“

Белото вино „Babuna“ од бербата 2023 е добитник на златен медал на годинешниот „Concours Mondial de Bruxelles“, вински натпревар со светско реноме, кој се одржува од 1994 година и има импозантен панел на 350 вински судии од 50 различни земји.

Награденото вино „Babuna“ е комбинација од сортите албарињо, шардоне и виоње. На мирис се чувствуваат интензивни ноти на цитрусно и коскесто овошје, лимон, како и бела праска, додека на вкус веднаш се открива изразената свежина и вкусовите на цитрусно овошје, зрел лимон, грејпфрут, проследени со ноти на крушка, зелено јаболко и со хармоничен завршеток.

Веруваме дека оваа освежителна комбинација која ги освои винските судии, ќе биде подеднакво омилена и кај нашите потрошувачи.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0