Back to Новости и информации за медиуми

Вината од новата берба на „Tikveš Châteaux&Domaines “ презентирани пред бордот на сомелиери и угостители

Претставниците на Македонската асоцијација на сомилиери и претставниците на угостителскиот сектор вчера во винскиот клуб Мулино имаа имаа ексклузивна можност да се запознаат со дел од премиум вината на „ Tikveš Châteaux&Domaines“ од последните берби кои ќе бидат лансирани на домашниот пазар.

На специјалната презентација што ја водеше Звонко Херцег, вински експерт и претседател на МАСОМ, беа опишани специфичните крактеристики на вината, а акцент беше ставен на нивниот квалитет и тероарите од каде го црпат својот уникатен индентитет.

Преку винска дегустација и интерактивна презентација присутните имаа можност да ги вкусат вината од новата берба и да постават прашања кои ги засегаат, како и да добијат детални одговори на истите.

Настанот на кој присуствуваше и претседателот на УО на „Тиквеш“ Светозар Јаневски и генералната директорка  на компанијата Бранка Славеска овозможи присутните да уживаат во богатите вкусови на вината на „ Tikveš Châteaux&Domaines “, да разменат искуства и подетално да се запознаат со напредните практики што „Тиквеш“ ги применува при производството на вино.

Ваквите настани креираат значајни придобивки и создаваат позитивно влијание на развојот на винската култура и индустрија во земјава.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0