Back to Новости и информации за медиуми

Вината на „Тиквеш“ претставени на најголемиот вински саем во светот – „Prowein“

Во периодот од 19 до 21 март 2023, „Тиквеш“ беше дел од македонските винарници кои во организација на Здружението „Вина од Македонија“ се претставија на „Prowein“, најголемиот вински настан во светот, што секоја година се одржува во Дизелдорф, Германија.

На „Prowein“ годинава присуствуваа 49.000 посетители од 141 земја. Тој е еден од најпрестижните саеми во светот, кадешто компаниите воспоставуваат и одржуваат деловни односи со меѓународни соработници и увозници и беше одлична можност за „Тиквеш“ да ги претстави своите високо квалитетни вина и да оствари контакти за извоз на странските пазари.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0