Вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија седум медали на натпреварот „Мундус Вини“
Најнови во низата високи награди што на меѓународни вински натпревари ги освојуваат нашите вина се медалите освоени на најголемиот и најпознатиот германски вински натпревар „Мундус Вини“. На овој престижен натпревар, во конкуренција на 7.500 вина, златни медали освоија црвените вина „Domaine Barovo“ од бербата 2017-та и „Domaine Lepovo Grand Cuvée“ од бербата 2016-та, кои се дел од премиум бренд платформата „Tikveš Châteaux & Domainеs“, како и „Vranec Special Selection“ 2017-та и „Alexandria Cuvée“ од бербата 2018-та. Сребрените медали пак, ги понесоа белото „Domaine Barovo 2019“, розе виното „Domaine Lepovo Rose 2019“, како и црвеното „Terrasse à L’Ombre 2018“ од француската винарница „Château de Gourdon“, што е дел од „Тиквеш“.