Back to Новости и информации за медиуми

Винарската визба „Тиквеш“ дел од Виз Ер Скопскиот маратон 2023

Прикажувајќи ја својата издржливост и инспиративниот дух на заедништво, вработените на „Тиквеш“ гордо учествуваа во трката што се одржа на 1 октомври 2023 година. Овој настан за  „Тиквеш“ ја симболизира посветеноста кон здравиот живот и добросостојбата на вработените, која е еден од клучните приоритети на компанијата и составен дел од културата што се негува во неа.

Учеството на Виз Ер Скопскиот маратон ја отсликува заложбата на целиот тим за создавање врвни вина, но и на работна средина во која поединците можат да се развиваат и напредуваат, затоа што само среќни и задоволни вработени можат да создадат исклучителни вина.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0