Back to Новости и информации за медиуми

Видео честитка на Тиквеш за Св. Трифун

Св. Трифун е празник на лозарите, ден кога симболично се закројуваат лозјата со желби за добар род. Годинава малку поразлично го одбележавме. Се потрудивме да дадеме позитивна енергија и да поттикнеме ентузијазам и добро расположение.

Во духот на големиот празник Св. Трифун, нашиот тим се приклучи кон меѓународниот предизвик Јерусалема и во ритамот на љубовта и сплотеноста испрати пораки за надеж, ведар дух, заедништво.

Истовремено ја раскажавме македонската винска приказна и се обидовме да ја пренесеме  нашата страст и енергија за виното и за животот. Веруваме дека ќе имаме плодна винска година и дека заеднички ќе ги надминеме предизвиците со кои сите се соочивме.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0