„Бела Вода“ на „Tikveš Château & Domaines“ прогласено за најдобро вино од земјава на Open Balkan Wine Trophy Competition во Белград
На натпреварот што се одржа во рамки на саемот Wine Vision by Open Balkan во Белград, Винарската Визба „Тиквеш“ уште еднаш го потврди својот статус на водечки производител на премиум вина во регионот. Виното „Бела Вода“ црвено од бербата 2021, купажа од сортите вранец и плавец, ја освои наградата National Trophy за најдобро вино од земјава. Ова признание е само продолжение на долгогодишниот успех на ова исклучително вино, кое во минатото доби високи 95 бодови од реномираниот вински критичар Роберт Паркер.
На овој натпревар, повеќе од илјада вина од Србија, Албанија и Македонија беа оценувани од меѓународно признати вински судии, вклучувајќи седум Masters of Wine, под претседателство на Каролин Гилби MW, експерт за балкански вина и вина од Југоисточна Европа.
Атрактивниот настап на „Тиквеш“ на саемот во Белград, освен претставување на вината вклучуваше и програма на мастер класови од врни вински стучњаци на „Тиквеш“, со цел да се едуцираат посетителите на саемот и да се промовираат македонските вина.