Назад кон Новости и информации за медиуми

Четири златни медали и специјално признание за нашите вина на престижниот „Мундус Вини“ во Германија

Вината на „Tikveš Châteaux&Domainеs“ добија уште една важна потврда на својот исклучителен квалитет. На еден од најпрестижните и најголеми вински натпревари во светот – „Мундус вини“ 2022, нашите вина освоија четири златни медали и едно специјално признание.

На пролетното издание на овој врвен меѓународен вински натпревар златни медали освоија Sauvignon Blanc Barovo 2021, Barovo red 2019, Domaine Lepovo Pinot Noir 2019 и Terrasse a L’Ombre 2019, при што ова исклучително вино од француската винарница на „Тиквеш“ – Château de Gourdon, беше оценето и како „Најдобро од долината на Рона“, еден од најпознатите вински региони во Франција, во кој е лоцирана винарницата.

За нас е исклучителен успех што новото „Sauvignon Blanc Barovo“ 2021 уште во првиот месец по неговото лансирање на пазарот се закити со златен медал на овој натпревар.

Значењето на овие награди е дотолку поголемо што се добиени во конкуренција на илјадници вина од десетици земји во светот и претставуваат значајна алатка за зголемување на препознатливоста при настапот на високо конкурентните светски вински пазари.

Назад кон Новости и информации за медиуми