Назад кон Новости и информации за медиуми

„Тиквеш“ се вклучи во реализацијата на транснационален проект за поттикнување на локалниот економски развој

Преку партнерство со уште осум организации од четири европски земји, винарската визба „Тиквеш“се вклучи во транснационалниот проект „Откривање на руралното наследство: автохтоно производство на ферментирани пијалаци за локална и еколошка одржливост“, што ќе се реализира во следните три години, а е финансиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, преку EEA and Norway Grants Fund for Regional Cooperation (ЕЕА и Норвешкиот фонд за грантови за регионална соработка).

Целта на проектот е да го поттикне развојот на руралните области преку подобрување на заедничкиот истражувачки капацитет и размена на знаење применето вопроизводство на „тероар“ вино и сајдер во избрани области,како што се: долината Випава во Словенија, Славонија во Хрватска, Тиквеш во Македонија и Хардангер во Норвешка. За остварување на оваа цел на проектот ќе бидат вложени над 1,5 милиони евра.

Конкретно, овој проект се темели на концептотза развој на висококвалитетни земјоделски производисо силен регионален идентитет, како што се виното и сајдерот, со што треба да се придонесе за одржлив локален економски развој, зачувување на традициите, промоција на  локалните региони во светски рамки и развој на локалните туристички потенцијали, како и спречување на иселувањето од руралните средини. Ваквиот концепт за развој успешно се применува во развиените земји од Западна Европа, а е резултат на соработката помеѓу науката, бизнисот и локалните институции.

Во конзорциумот што ќе го реализира проектот се вклучени четири врвни истражувачки и академски институции од Норвешка, Хрватска и Словенија, предводени од Универзитетот во Нова Горица, Словенија. Како претставници на бизнисот, покрај ВВ „Тиквеш“, во проектот е вклученаи Асоцијацијата за сајдер од Хардангер, Норвешка, а локалните власти се претставени преку општинатаАјдовчинаод Словенија, градскиот совет на Хардангер од Норвешка и локалната агенција за развој на Пожега од Хрватска.

OТКРИВАЊЕ НА ТИПИКАЛНОСТА НА ВИНО И САЈДЕР
www.eeagrants.org
#EEANorwayGrants, #FundforRegionalCooperation

Имплементирано од:

tikves.com.mk
elena.mladenovska@tikves.com.mk
+389 2 3181 741

Проектот „Откривање на руралното наследство: автохтоно производство на ферментирани пијалаци за локална и еколошка одржливост“ е финансиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, преку EEA and Norway Grants Fund for Regional Cooperation (ЕЕА и Норвешкиот фонд за грантови за регионална соработка). Целта на проектот е да го поттикне развојот на руралните области преку подобрување на заедничкиот истражувачки капацитет и размена на знаење применето во производство на „тероар“ вино и сајдер во избрани области на  Словенија, Хрватска, С. Македонија и Норвешка.

Назад кон Новости и информации за медиуми