Назад кон Новости и информации за медиуми

ВВ „Тиквеш“ ги исплати лозарите и во услови на криза инвестираше 720.000 евра во нови лозови насади

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Винарската визба „Тиквеш“ ја заврши исплатата на своите обврски кон лозарите со кои соработува за откупеното грозје од бербата во 2019 година. Исплатата е извршена кон сите индивидуални лозари и правни лица, согласно предвидената динамика за исплата и законски утврдените рокови. Откупени беа 22 милиони килограми грозје.

Покрај тоа, и во услови на криза предизвикана од пандемијата од вирусот Ковид 19 на светско ниво, што резултираше со пад на продажбата на вино од над 70%, „Тиквеш“ продолжува со инвестиции. Винарницата инвестираше 720.000 евра сопствени средства во подигнување нови лозови насади на локалитетот Бабуна во близина на Велес. Засадени се 38 хектари лозови насади од сортите вранец, сира, каберне совињон, пино гри, коломбар, жилавка и малвазија. Се работи за нови современи насади, кои ќе придонесат за проширување на можностите за производство на нови високо квалитетни вина.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
Назад кон Новости и информации за медиуми