Назад кон Новости и информации за медиуми

Совршени комбинации на храна и вино

Уживањето во виното често е најголемо кога е придружено од подеднакво вкусна храна. Ова искуство го почувствуваа присутните на wine & dine настанот што го организиравме во соработка со хотелот Лимак во Скопје, кој овозможи идеални услови за истражување на возбудливи спарувања на премиум вина со специјалитети подготвени од врвните шефови.

Во раскошен амбиент гостите имаа единствена прилика да пробаат дел од новите вина од “берба 2021” од кои победниците се Viognier од локалитетот Бела Вода и Pinot Grigio – новиот член на линијата Луда мара.

Големиот интерес за настанот е наш поттик да продолжиме со активностите за доближување на уметноста на комбинирање на храната и виното и развој на винската култура.

Назад кон Новости и информации за медиуми