Назад кон Новости и информации за медиуми

Светски ден на вранецот

ВВ „Тиквеш“ беше дел од Светскиот ден на вранецот, кој се одбележа трета година по ред во земјите кои се традиционални производители на вино од оваа сорта. Годинава беа организирани низа едукативни и промотивни активности, со цел да се унапреди препознатливоста на вранецот како сорта винско грозје и да се зајакне свеста на потрошувачите ширум светот за вината кои доаѓаат од земјава и од регионот.

Во рамки на овие активности, бевме домаќин на повеќе од 20 светски вински критичари и новинари, кои посетија производители на вина од сортата вранец во Македонија, Косово и Црна Гора, а учествуваме и во претставувањето на најдобрите македонски вина на „Grand Vin“ во Скопје. Светскиот ден на вранецот беше одбележан и со споделување на искуството за вранецот на голем број познавачи на виното преку онлајн мастер часови и панел дискусии, додека винарниците кои се вклучија во одбележувањето на овој ден, преку своите дистрибутери на странски пазари, организираа промоции и продажни акции во неколку светски земји.

Назад кон Новости и информации за медиуми