Назад кон Новости и информации за медиуми

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ИДЕИ ЗА СУВЕНИРИ

Во рамки на проект за унапредување на винскиот туризам и понуда во земјата, “Тиквеш вински туризам” отвора можност за сите правни и физички субјекти – локални занаетчии кои се занимаваат со дизајн и обработка на сувенири да достават идеи за сувенири на тема производство на грозје и вино кои ја отсликуваат винската култура и традиција, како и понуда за изработка на предложените сувенири. Идејните решенија и понудата за изработка на сувенирите треба да се  испратат  најдоцна до 10.1.2021 година.

Заинтересираните треба да достават понуда со фотографии или симулации од идеите за сувенири, со опис на материјалот од кој се изработуваат, како и цена за нивна изработка со назнака за евентуалните ограничувања во однос на расположиви количини или рокови на испорака. Не е неопходно испратените предлози да бидат веќе готови производи, прифатливи се и идеи за кои треба во следна фаза да се организира изработка. Понудата треба да содржи контакт информации за понатамошна комуникација со учесниците на отворениот повик и кратка информација за субјектот што ја праќа понудата.

Понудените предлози за сувенири треба да ги задоволуваат следните услови:

  • Да ја отсликуваат винската култура и традицијата на производство на вино и грозје во земјава и да ја промовираат нашата држава како винска земја;
  • Да се наменети за домашни и странски туристи;
  • Да соодвествуваат ценовно на дизајнот и материјалот од кој се изработени, како и на различни можности во однос на буџетот што посетителите би го одвоиле за купување на сувенири;
  • Да се изработени од материјали согласно прописите за заштита на здравјето;
  • Да содржат информација со предлог цена.

Примери на сувернири: уникатни чаши, украсни чинии, нотеси, постери, картички, маички и друга облека, подметачи, приврзоци за клуч, накит, брошеви, филигран, обележувачи на книги, магнети, разни аксесоари за вино, налепници, украсни држачи, отворачи, украсни кутии за вино, копаничарски и глинени вински предмети, изработка на плетени или дрвени вински кутии и торби со традиционални мотиви и слични видови на занаетчиски дела.

Понудите треба да се испратат најдоцна до 10.1.2021 на следната е-адреса: contact@tikves.com.mk

Понудите кои ќе пристигнат подоцна од овој рок, нема да бидат земени предвид.

Понудите треба да бидат изработени во Word или PPT формат и да бидат испратени како PDF документ кој не надминува 10 МB.

Разгледувањето на понудите и изборот на предложени сувенири кои ќе бидат набавени, ќе се спроведе во период од две недели по истекот на рокот за доставување на понудите, по што селектираните субјетки ќе бидат контактирани за дополнителни информации и договарање на понатамошната соработка во однос на изработката и испораката на сувенирите.

Назад кон Новости и информации за медиуми