Back to Новости и информации за медиуми

Одржливиот бизнис-модел на „Тиквеш“ претставен на конференција за зелено инженерство

Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје беше домаќин на Првата конференција за зелено инженерство, одржливи материјали и технологии за циркуларна економија, GREEN CIRC 2024, која се одржа на 22 и 23 април 2024 година. Конференцијата овозможи да се разменат нови научни знаења и истражувања поврзани со зелените иновации, како и бизнис-модели што се применуваат во различни индустрии.

Како прва винарница во регионот, која ја започна својата зелена трансформација и која во своето работење ги воведе ESG-стандардите, „Тиквеш“ е одличен пример за компанија што применува напредни зелени технологии и практики за да обезбеди одржлив развој. Присутните на конференцијата се запознаа со конкретните активности што ги презема „Тиквеш“ со цел да го намали својот јаглероден отпечаток и да ги заштити животната средина и природните ресурси.

Вториот ден од конференцијата им беше посветен на студентите. Менаџерот за контрола на квалитет и проектен менаџмент во „Тиквеш“, Тихомир Касапинов, ги сподели корисните практики на компанијата за имплементирање на ESG-принципите со студентите од овој факултет, со цел да ги инспирира да дејствуваат во согласност со одржливиот развој, кој е од непроценлива важност за нивната кариера и иднина.

Пред присутните, студентите ги презентираа своите идеи со кои би се придонело за одржлива иднина преку ревалоризација на био и индустриски отпадни материјали, при што иновативните проекти беа одлично оценети од професорите и претставниците на „Тиквеш“ и од уште неколку компании што посветено работат на унапредување на зелената агенда.

Back to Новости и информации за медиуми

Винарска визба „Тиквеш“

0