Назад кон Новости и информации за медиуми

Ново премиум вино – „Viognier Bela Voda“

Со цел да им овозможиме поголем избор на потрошувачите, нудејќи им можност да уживаат во премиум вина кои ја пренесуваат специфичноста на локалитетите од каде доаѓа грозјето, го воведовме виното „Viognier Bela Voda“ во рамки на бренд-платформата „Tikveš Châteaux & Domainеs“.

Грозјето за „Viognier Bela Voda“ се одгледува во специфични климатски услови кои овозможуваат развој на богати ароми и вкусови. Виоње е популарна сорта од која се произведуваат ароматични вина карактеристични по својата свиленкаста текстура и извонредна питкост и свежина. Затоа, нашето ново вино од ова сорта е совршено за претстојниот потопол период.

„Viognier Bela Voda“ е свежо вино со вкус на лимон, кајсија и лозарска праска, со кремаста текстура и хармоничен финиш. Најсоодветно се комбинира со морска храна или полесно месо – пилешко, мисиркино или свинско приготвено во кремав сос, зачинето со ароматични билки.

Назад кон Новости и информации за медиуми