Назад кон Новости и информации за медиуми

Ново од „Тиквеш“ – Шприцер во лименка

Следејќи ги пазарните трендови и водени од заложбата постојано да нудиме иновативни производи со кои ќе ги задоволиме очекувања на потрошувачите,на пазарот лансиравме нов производ – шприцер во лименка.

Новиот освежителен пијалак го содржи популарното бело вино „Смедеревка“, во идеална комбинација и сооднос кој традиционално се користи при подготовка на шприцер. Спакуван е во лименки од 330 мл, што му дава особена практичност и креира дополнителни  можности за консумација на различни места и прилики. Се препорачува да се консумира разладен.

Заради практичното пакување, одличниот вкус, свежината и ниското ниво на алкохол (5%), очекуваме дека шприцерот во лименка ќе биде добро прифатен, како од традиционалните консументи на шприцер кои се лојални на брендот „Смедеревка“, така и од нови категории потрошувачи.

Назад кон Новости и информации за медиуми