Назад кон Новости и информации за медиуми

Нови девет награди за „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Скопје, 20.08.2020 – Производите на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ беа наградени со 9 медали на реномираниот Интернационален натпревар за вино и жестоки пијалаци (International Wine and Spirit Competition – IWSC), кој годинава по 51. пат се одржа во Лондон, Велика Британија.

Сребрени медали добија „Domaine Lepovo Grand Cuvée“ од бербата 2015 и „Лозова ракија VS“, додека со бронза се наградени седум вина, и тоа: „Domaine Lepovo Rosé“, „Domaine Lepovo Chardonnay“, црвеното и розе „Alexandria Cuvée“ од бербата 2018, белите „Barovo“ и „Bela Voda“ од бербата 2019 и виното „Terrasse à l’Ombre“ од француската винарница на „Тиквеш“, „Château de Gourdon“.

„International Wine and Spirit Competition” е еден од најпрестижните вински натпревари со долга традиција, на кој оценувањето на вината и жестоките пијалаци се спроведува преку строго структуриран и ригорозен процес на дегустација, но и преку панел дискусии при оценувањето, што на добиените признанија им обезбедува дополнителен кредибилитет.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
Назад кон Новости и информации за медиуми