Назад кон Новости и информации за медиуми

Лозова жолта ракија во пакување од 0,1 литри

Верните љубители на лозовата жолта ракија на „Тиквеш“, можат да го најдат овој производ и во стаклено пакување од 0,1 литри, кое го воведовме со цел да ја зголемиме достапноста на овој популарен пијалак.

Со новата амбалажа го задржавме атрактивниот изглед на лозовата жолта ракија и сите карактеристики со кои гарантираме конзистентен, висок квалитет на производот и сигурност за нашите потрошувачи. Па така, стакленото пакување од 0,1 литри ги содржи карактеристичниот дозер, навоен затворач, како и холограмската заштита, која претставува најнапредна технологија за заштита од фалсификати и дополнителна потврда за оригиналниот квалитет на производот.

Новиот производ одговара на потребите и навиките на консумација на потрошувачите и ќе обезбеди дополнителна можност за уживање во овој традиционален пијалак.

Назад кон Новости и информации за медиуми
blank

Винарска визба „Тиквеш“

0