Назад кон Новости и информации за медиуми

Дипломатски гроздобер 2021

На почетокот на септември се одржа Дипломатскиот гроздобер, кој традиционално го организираме за членовите на дипломатската заедница во земјава. Овој настан претставува можност да ги запознаеме со нашите локални сорти и со потенцијалот на нашата земја за производство на квалитетни вина.

Во недопрена природна убавина, на нашите лозови насади во Барово, присутните можеа директно да го доживеат процесот на берба, како и да уживаат во нашите вина и во храната подготвена на самата локација. Оние со спортски афинитети ја искористија можноста да ги истражат ново трасираните велосипедски патеки на Барово и да возат велосипед меѓу пространите лозја. Веруваме дека на ваков начин создадовме приврзаници на македонското вино, кои неговата приказна ќе ја раскажуваат во своите земји.

Назад кон Новости и информации за медиуми