Назад кон Новости и информации за медиуми

Двоен златен медал за новото премиум вино на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ во Кина

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Новото црвено премиум вино „Terrasse à L’Ombre 2018“, кое е дел од „Tikveš Châteaux & Domainеs“, освои двоен златен медал на првиот голем меѓународен вински натпревар оваа година, што се одржа во Хонг Конг, Кина – China Wine & Spirits Best Value 2020. Двојниот златен медал, што е највисоко признание што се доделува на овој престижен вински натпревар, е освоен во конкуренција од најпознатите светски вински брендови кои се селектирани и оценувани од тим од 100 вински судии, номинирани од најголемите увозници на вино, ресторани и специјализирани продавници во Кина, кои годишно увезуваат вино во вредност од над 20 милијарди долари.

Премиум виното „Terrasse à L’Ombre 2018“ е произведено во винарницата „Château de Gourdon“, сместена во јужниот дел од долината на реката Рона во Франција, која од ноември 2018-та е составен дел од „Тиквеш“. „Terrasse à L’Ombre 2018“ e шестото по ред премиум вино од обновеното портфолио на винарницата „Château de Gourdon“ кое од неодамна е достапно и за македонските љубители на високо квалитетни вина.

По своите карактеристики, ова премиум вино е идеално балансирана купажа од сортите: сира (Syrah – 65%), што созревала во нови француски дабови буриња и гренаш црн (Grenache Noir – 35%) која одлежувала во бетонски танкови. Се одликува со уникатна темнопурпурна боја и нагласени ароми на шумско овошје, при што доминираат капина и малина, дополнети со ноти на бибер, слатки ориентални зачини и ароматични билки. Во вкусот се чувствува сладок корен.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
Назад кон Новости и информации за медиуми