Назад кон Новости и информации за медиуми

Голем успех за нашие вина на меѓународни натпревари во Франција и Кина

На две престижни меѓународни натпреварувања, што се одржаа во Кина и во Франција, нашите вина го докажаа својот квалитет, освојувајќи седум златни и четири сребрени медали, како и една специјализирана награда.

На најголемиот натпревар што се одржуваа во Хонг Конг – „China Wine & Spirits Awards – Best Value 2022“, „Vranec Luda Mara 2019“ освои двоен златен медал, што е потврда за високиот квалитет и уникатните карактеристики по кои ова вино се издвојува во конкуренција на вина од целиот свет. Златен медал добија вината „T’ga za Jug 2021“ и „Domaine Lepovo Grand Cuvée 2019“, а на виното „Vase de Pierre 2017“ му беше доделен сребрен медал.

Силна потврда за високите квалитети на вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“, пристигнаа и од Франција. На „Citadelles du Vin“, вината „Bela Voda red 2019“, „Sauvignon Blanc Barovo 2021“ и „Bela Voda white 2021“ освоија златни медали, додека сребрен медал освоија „Alexandria Cuvée Rose 2021“, „Domaine Lepovo Chardonnay 2021“, како и „Terrase a l’Ombre 2019“. На истиот натпревар списанието „Sommeliers International“ додели специјализирана награда за црвеното вино „Bela Voda red 2019“, што претставува значајна препорака доделена од меѓународно списание наменето за винските професионалци од целиот свет.

Назад кон Новости и информации за медиуми