Назад кон Новости и информации за медиуми

Вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија седум медали на натпреварот „Мундус Вини“

Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Најнови во низата високи награди што на меѓународни вински натпревари ги освојуваат нашите вина се медалите освоени на најголемиот и најпознатиот германски вински натпревар „Мундус Вини“. На овој престижен натпревар, во конкуренција на 7.500 вина, златни медали освоија црвените вина „Domaine Barovo“ од бербата 2017-та и „Domaine Lepovo Grand Cuvée“ од бербата 2016-та, кои се дел од премиум бренд платформата „Tikveš Châteaux & Domainеs“, како и „Vranec Special Selection“ 2017-та и „Alexandria Cuvée“ од бербата 2018-та. Сребрените медали пак, ги понесоа белото „Domaine Barovo 2019“, розе виното „Domaine Lepovo Rose 2019“, како и црвеното „Terrasse à L’Ombre 2018“ од француската винарница „Château de Gourdon“, што е дел од „Тиквеш“.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.
Назад кон Новости и информации за медиуми