Tikveš Winery

48%

Од март 2019, во Македонија може да се купи познатото пиво од Белградската индустрија на пиво БИП (BIP) како и пијалакот Квас. Во рамки на својата трговска програма овие производи почна да ги увезува и дистрибуира нашата најголема винарница, ВВ „Тиквеш“. „Ова е природен чекор кој го преземавме имајќи предвид дека станува збор за наша сестринска компанија која е во Србија и оперира веќе 2 години. Преку воведување на пивото како комплементарен производ во портфолиото на „Тиквеш“ имаме намера да ги задоволиме барањата на консументите. Изградивме квалитет, знаеме што е прифатливо, а што не за потрошувачите на овие простори.

Преку нашата продажна сила како и одличните релации со ХоРеКа партнерите ќе нудиме “one-stop-shop” сервис.”, изјави Радош Вукиќевиќ, генерален директор на Тиквеш. „Стратешките планови за здружување на сродните сегменти од регионалната индустрија за пијалаци – сегментот на вино каде лидер е „Тиквеш“, сегментот на пиво со БИП и останати регионални играчи од оваа индустрија беа најавувани од страна на претседателот на УО на ВВ „Тиквеш“, г-дин Светозар Јаневски и сега ги реализираме. Со овој чекор, преку производство на врвен производ како на вино така и на пиво, „Тиквеш“ ќе ја засили својата позиција како лидер во индустријата во регионот.” вели Вукиќевиќ.

Иако портфолиото на БИП е пошироко, Тиквеш за почеток ќе увезува и дистрибуира пиво во лименка од 0,5 литри и пиво во стаклена амбалажа од 0,33 и 0,5 литри.
Дополнителна иновација на нашиот пазар ќе биде и т.н. Квас или Руски квас кој е исклучително популарен кај северниот сосед, во Русија и во Америка, вклопувајќи се во трендот на популарноста на пробиотските пијалаци. Консументите за првпат ќе можат да пробаат квас со вкус на лимон и црна рибизла кој е 100% природен сок направен од житарици.
Пивото БИП во изминатите 2 години ги освои потрошувачите во Србија со својот вкус бидејќи е правено по традиционален метод, по посебна рецептура од страна на врвни стручни лица кои имаат креирано врвни светски пива, со висококвалитетни состојки кои внимателно се одбираат за да се постигне соодветен вкус на пивото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Tikves.com.mk користи колачиња. Ако мислите дека е во ред, само кликнете на „Се согласувам“. Можете исто така да прочитате повеќе за какви колачиња се користат со кликнување на ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ. Се согласувам
ARE YOU AGED  MORE THAN 18 YEARS?

ARE YOU AGED MORE THAN 18 YEARS?

MonTueWedThuFriSatSun
311234567891011121314151617181920212223242526272829301234567891011
MonTueWedThuFriSatSun
311234567891011121314151617181920212223242526272829301234567891011
MonTueWedThuFriSatSun
311234567891011121314151617181920212223242526272829301234567891011
MonTueWedThuFriSatSun
311234567891011121314151617181920212223242526272829301234567891011