CABERNET & MERLOT
Зреено во нови дабови буриња во период од 12 месеци. Вино со интензивна рубин-црвена боја со изразена арома на црно овошје, заокружена со ноти на црн бибер, чад и катран. Со полно тело и средна киселост и ароми на црно овошје и тост на непцето, ова суво црвено вино се одликува со меки и зрели танини и долготрајна завршница.
Температура на сервирање
16°C
18°C
Комбинација со храна
печени паткини гради
јагнешко
срнешко месо во сос од црвено вино
Достапно во
0,75L