ALEXANDRIA (РОЗЕ)

Купажа од сортите мускат хамбург, мерло и каберне совињон. Полусуво розе вино со светло розова боја и изразени тропски ароми при што преовладува аромата на манго со ноти на бело овошје и ѓумбир. Вино со лесно тело и свежа киселост и балансирани ароми на праска, кајсија и диња.

Температура на сервирање

10°C

12°C

Комбинација со храна

свежи салати

лесни тестенини

овошни десерти

Достапно во

0,75L; 0,187L