Винарска визба „Тиквеш“

31%

Скопје, 10.02.2020 – На најреномираниот натпревар за вина од долината на Рона во Франција, три вина произведени во винарницата „Château de Gourdon” освоија високи награди. Белото „Terrasse au Soleil 2018“ и црвеното „Vase de Pierre 2018“ освоија златни, додека црвеното „Jolie Balade 2018“ сребрен медал на годинешниот престижен вински натпревар „Concours des vins d’Orange“, кој се одржува во Оранж, Франција.

Овој значаен успех е постигнат во конкуренција на речиси 2.300 вина. Според пропозициите на натпреварот, вкупно 570 дегустатори ги оценуваат вината исклучиво според вкусот и нивниот квалитет, не знаејќи ги имињата на производителите и на самите вина, што обезбедува неспорна објективност во оценувањето.

„Concours des vins d’Orange“ е најстариот и најреномиран регионален натпревар на вина од долината на реката Рона во јужна Франција. Натпреварот прв пат е одржан во далечната 1952 година, а неговите оценки и препораки се од исклучително значење за настапот на вината од овој регион на европските и на светските вински пазари.

Наградените вина се произведени во француската винарницата „Château de Gourdon“, која од ноември 2018-та е дел од „Tikveš Châteaux & Domainеs“. Овие вина и сите останати од портфолиото на „Château de Gourdon“ им се достапни и на македонските љубители на ексклузивни висококвалитетни вина.

Tikves.com.mk користи колачиња. Ако мислите дека е во ред, само кликнете на „Се согласувам“. Можете исто така да прочитате повеќе за какви колачиња се користат со кликнување на ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ. Се согласувам
ARE YOU AGED  MORE THAN 18 YEARS?

ARE YOU AGED MORE THAN 18 YEARS?

MonTueWedThuFriSatSun
311234567891011121314151617181920212223242526272829301234567891011
MonTueWedThuFriSatSun
311234567891011121314151617181920212223242526272829301234567891011
MonTueWedThuFriSatSun
311234567891011121314151617181920212223242526272829301234567891011
MonTueWedThuFriSatSun
311234567891011121314151617181920212223242526272829301234567891011