TERRASSE À L’OMBRE

Идеално балансирана купажа меѓу Syrah (65%) зреено во нови француски дабови буриња и Grenache Noir (35%) одлежано во бетонски танкови.
Има уникатна темнопурпурна боја и нагласени ароми на шумско овошје, каде што доминираат капина и малина, дополнети со ноти на бибер, слатки ориентални зачини и ароматични билки.
На вкус се чувствува сладок корен и темјанушка, меки и нежни танини и префинетa долга завршница.

Температура на сервирање

16°C

18°C

Комбинација со храна

Печено паткино месо

Зреено јунешко месо

Телешко Строганоф

Свински котлет во сос од печурки

Достапно во

0.75L