GRAND CUVÉE

Суво црвено вино, зреено во француски барик буриња 18 месеци. Совршено балансирана купажа
од вранец, каберне совињон и мерло. Се одликува со темна рубин боја и богат вкус на суви сливи и зрели црни цреши, комбинирани со благи зачини и суптилни нијанси на кафе и тутун. Благата арома што се чувствува на мирис се рефлектира и во вкусот каде доминираат зрела цреша и црвена рибизла. Има исклучително полно тело и долг финиш, како и голем потенцијал за стареење.

Температура на сервирање

16°C

18°C

Комбинација со храна

јадења со печено јагнешко месо

Достапно во

0.75L