Luda Mara Sparkling

Luda Mara Sparkling е првото пенливо вино во линијата Luda Mara – брут купажа од шардоне, темјаника, жилавка и смедеревка. Има бледа сламестожолта боја со зеленикави одблесоци и фини, живи меурчиња. Нуди ароми на бели цветови, агруми, зелено јаболко и круша, со нежни мускатни ноти од темјаниката. Свежо пенливо вино со лесно тело и вкусови на агруми, зелено јаболко, круша и бела праска, што води до чист и освежителен финиш.

Температура на сервирање

6°C – 8°C

18°C

Комбинација со храна

морски плодови

суши

лесни салати

меки сирења

овошни десерти

Достапно во

0,75L