Want create site? Find Free WordPress Themes and plugins.

Скопје, 06.07.2020 – Вина на „Тиквеш“ и на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија пет високи признанија на престижниот вински натпревар „Citadelles Du Vin“ 2020, кој традиционално се одржува во близина на Бордо, Франција. Златни медали добија три вина од премиум бренд платформата „Tikveš Châteaux & Domainеs“ – „Domaine Lepovo Grand Cuvée“ 2016, како и „Vase de Pierre“ 2018 и „Terrasse à L’Ombre“ 2018 од француската винарница „Château de Gourdon“, што е дел од „Тиквеш“, а со златен медал се закити и „Vranec Special Selection“ од бербата 2017.

Дополнително, црвеното „Barovo“ од бербата 2017 ја освои специјалната награда „MACEDONIA SPECIAL PRIZE“.

Овој исклучителен успех е постигнат во конкуренција на 719 вина од 29 земји од светот, меѓу кои и неколку од регионот. Освојувајќи ги петте највисоки одличја, Винарската визба „Тиквеш“ уште еднаш ја потврди позицијата најуспешна меѓу винарниците од регионот. Инаку, со ова „Тиквеш“ значајно го надогради успехот постигнат на минатогодишното издание на „Citadelles Du Vin“, кога освои три сребрени медали.

„Citadelles Du Vin“ е натпревар кој се одржува во еден од најзначајните и најпознати светски вински региони (Бордо) и има мисија да ги поддржи и промовира квалитетот и различноста на вината произведени ширум светот. Наградените вина дополнително добиваат и презентација на „Винекспо“ – Бордо и „Винекспо“ – Хонг Конг, со што  остваруваат промоција пред француските и интернационалните потрошувачи и љубители на виното.

Вината на „Тиквеш“ веќе со години се најтрофејни во Југоисточна Европа, а само од почетокот на оваа година освоија речиси 20 медали и тоа на престижни натпревари одржани во Кина, Франција и во Германија.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.