Веќе 140 години, од 1885 година, Тиквеш се грижи за лозите, луѓето и за почвата на најимпресивните вински терени во Македонија. Денес ја креваме чашата за вранецот, смелото црвено вино што е вистински одраз на нашите предели, на нашиот дух и вински симбол на Балканскиот Полуостров.
Вранецот е вистинскиот глас на тероарот, кој со јасност и карактер ја претставува разновидноста на македонските долини и високи, карпести падини. Неговиот стил е најразновиден, од негазирани до пенливи, зајакнати, бели, розе и темноцрвени вина. Совршен е за мешавини, било со автохтони сорти како кратошија, плавец или станушина, или со меѓународни сорти, создавајќи автентични балкански купажи привлечни за светските пазари. Со својата структура и длабочина, Вранец е создаден за стареење, добивајќи уште поголема комплексност со текот на времето. Додека, пак, со 12.800 хектари засадени низ Македонија, подготвен е да го освојува светот.
Вранец - црниот пастув на Балканот.
Името се преведува како црн пастув, што ја отсликува темната боја на грозјето и моќниот карактер со сложени ароми.
Корени: Со називот вранац, ова е автохтона сорта во Црна Гора, а сега водечко црвено грозје во Македонија. Стилски спектар: од младешки, светлоцрвени вина со вкус на бобинки до слоевити, комплексни вина достојни за стареење. Комбинации со храна: обожува скара, печено месо и интензивни сирења и прекрасно се надополнува со бавно подготвени јадења со богат вкус. Погоден за мешавини: ги истакнува и локалните и меѓународните сорти во впечатливи купажи.
Вина на Тиквеш во кои е присутен вранецот
Вина на Тиквеш во кои е присутен вранецот
Лепово Гранд Куве
Суво црвено вино зреено 18 месеци во француски барик, купажа од вранец, каберне совињон и мерло, со ароми на темно овошје и полно тело, долготраен финиш и голем потенцијал за стареење.
Комбинации со храна:
Дивеч
Печено јагнешко
Вина на Тиквеш во кои е присутен вранецот
Барово (црвено)
Купажа од вранец и кратошија од високи предели, со ароми на капини, шумски јагоди и боровинки, поткрепени со зрели, богати танини.
Комбинации со храна:
Бифтек со прелив од шумски плодови
Чадени ребра
Месо од дива свиња
Јагнешко
Вина на Тиквеш во кои е присутен вранецот
Бела Вода (црвено)
Купажа од вранец и плавец од почви богати со глина, со интензивни ароми на какао и темно шумско овошје и богата, овошна структура.
Комбинации со храна:
Срнечко месо
Елен со прелив од шумски плодови
Фазан или бут од дива свиња
Вина на Тиквеш во кои е присутен вранецот
Бабуна (црвено)
Купажа од вранец, плавец и шираз, смела и овошна, со палета на ароми со среден интензитет, ноти на капини, цреши и црвени бобинки, поткрепени со фини танини.
Комбинации со храна:
Печен зеленчук
Лосос
Печено јагнешко
Сирење
Дивеч
Вина на Тиквеш во кои е присутен вранецот
Луда Мара Вранец
Темновиолетово и концентрирано, со ноти на темни бобинки, црни рибизли и калинки и долготраен, слоевит финиш.
Комбинации со храна:
Зрели сирења
Јадења на скара
Печено месо, како јагнешко, телешко или свинско
Вина на Тиквеш во кои е присутен вранецот
Луда Мара Куве (црвено)
Купажа од вранец, каберне совињон и гренаш ноар, полна со ароми на капини и црни рибизли, со нежни ноти на зачини и долготраен финиш.
Комбинации со храна:
Зрели сирења
Пица
Бургери
Месо на скара
Вина на Тиквеш во кои е присутен вранецот
Т’га за југ
Полусув вранец, со темнорубинова боја, мазно тело и долготраен, нежно сладок финиш.
Комбинации со храна:
Скара и печено месо
Дивеч
Полномасни сирења
Вина на Тиквеш во кои е присутен вранецот
Александрија Премиум Куве (црвено)
Купажа од вранец, мерло и каберне совињон со полно, заокружено тело и изразито зачинет финиш.
Комбинации со храна:
Телешко
Свинско на скара
Зрели сирења, како чедар и пармезан
Вина на Тиквеш во кои е присутен вранецот
Александрија (црвено)
Купажа од каберне совињон, вранец и мерло, суво, рубиново и богато со овошни ароми, со избалансирано тело и долготраен, хармоничен финиш.
Комбинации со храна:
Месо на скара
Дивеч
Вина на Тиквеш во кои е присутен вранецот
Вранец
Богато рубиново црвен вранец со ароми на презреано шумско овошје, суви сливи и нежни зачини.
Комбинации со храна:
Полномасни сирења
Месо на скара
Вина на Тиквеш во кои е присутен вранецот
Вранец
Богато рубиново црвен вранец со ароми на презреано шумско овошје, суви сливи и нежни зачини.
Комбинации со храна:
Полномасни сирења
Месо на скара
Tikves.com.mk користи колачиња. Ако мислите дека е во ред, само кликнете на „Се согласувам“. Можете исто така да прочитате повеќе за какви колачиња се користат со кликнување на ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ. Се согласувам
Контакт
Понуда
Резервација
GET A QUOTE
Образложение кон постигнати консолидирани резултати за период од 01.01. – 31.12.2018