Научниците се едногласни: Умерената консумација на вино има корисни ефекти кога станува збор за кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, остеопороза, невролошки заболувања и влијае на долговечноста. Во продолжение издвојуваме седум причини зошто виното е добро за здравјето.
Умерената консумација на црвено вино дневно го намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести, инфаркт и мозочен удар. Ова се должи на присуството на антоцијани кои го спречуваат запушувањето на артериите, овозможуваат поголем проток на крв и со тоа и намалување на крвниот притисок. Антоцијаните исто така ја зголемуваат виталноста на крвните садови и штитат од артериосклероза.
Црвеното вино го штити нервниот систем, ги подобрува когнитивните способности и меморијата и го намалува ризикот од појава на деменција кај постарите. Антоцијаните содржани во црвеното вино имаат антиоксидантно дејство и им помагаат на нервните клетки подобро да се развиваат, истовремено зачувувајќи ја структурата на нервните клетки и овозможувајќи нивно нормално функционирање.
Истражувањата покажале дека со умерена консумација на вино се регулира количеството на шеќер во крвта и се намалува ризикот од појава на дијабетес.
Луѓето што умерено уживаат во вино секој ден имаат помала телесна маса од оние што само повремено го пијат овој пијалак, како и помал обем на струкот и помалку стомачно масно ткиво.
Виното содржи моќни антиоксиданси кои ги врзуваат слободните радикали во организмот што можат да нанесат штета на телесните клетки. На тој начин тоа делува инхибирачки врз растот на канцерогените клетки.
Белото вино содржи кафтарна киселина која има силно антиоксидантно дејство, го подобрува имунитетот и влијае на намалување на ризикот од Алцхајмерова болест.
Ресвератролот кој е присутен во црвеното вино и штити од појава на срцеви болести поради тоа што го зголемува нивото на „добриот холестерол“, исто така ја зголемува и густината на коските на ’рбетот и го намалува ризикот од појава на остеопороза.